Играчот за врска на Рома, Раџа Наинголан беше среќен поради пласманот на неговиот тим во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рома славеше против Шахтјор на „Олимпико“ со 1:0 и на тој начин се пласираше понатаму, а Наинголан истакна по средбата дека е во еуфорија со оглед на тоа дека за него ова е прво четвртфинале во ЛШ.
„Работевме напорно, дадовме се од себе, а многумина ја сонувавме следната фаза, сметајќи и на мене. Ова ми е прво четвртфинале во ЛШ и се чувствувам еуфорично. Севиља го елиминираше Манчестер Јунајтед, така што никој не треба да се потцени. Атмосферата на стадионот беше одлучна. Уживавме и ние играчите и навивачите. Сега сакаме заедно да чекориме напред“, истакна Наинголан.
Римјаните во петок попладне ќе ја очекуваат ждрепката по која ќе се знае името на следниот ривал во Лигата на шампионите.