Дома Трансфер зона Арсенал ја одреди цената – редица за Белерин

Арсенал ја одреди цената – редица за Белерин

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е спремен да го продаде Хектор Белерин на крајот на сезоната и веќе ја одредиле целата за шпанскиот бек.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белерин оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво, а во последно време не игра поради лесна повреда, што не се одрази на играта на Арсенал.

Англиските медиуми денес пласираа информација дека Арсенал ја одредил цената и дека е спремен да го продаде десниот бек за 50 милиони фунти.

Белерин веќе подолго време се поврзува со враќање во Барселона, но за него силен интерес покажуваат уште Манчестер Сити и Јувентус.

Планот на Арсенал е да заработи на неговата продажба за да донесе стопер од светска класа, а споменатите клубови веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…