Дома Фудбал Англија Борба за место во првиот тим: Познато кој го повреди Погба на тренингот

Борба за место во првиот тим: Познато кој го повреди Погба на тренингот

Манчестер Јунајтед вечерва на Олд трафорд игра против Севиља реванш натпревар од осминафиналето во ЛШ.

На првиот натпревар меѓу овие два тима во Севиља немаше погодоци и јасно е дека вечерва не очекува голема борба за место во четвртфиналето во ова натпреварување. Јунајтед во натпреварот влегува ослабен бидејќи Мурињо нема да може да смета на Пол Погба, кој е повреден.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека атмосферата во редовите на Јунајтед и не е баш најдобра. The Sun пренесува дека 21-годишниот Скот Мектоминеј е виновен за повредата на Погба, односно дека жестоко го фаулирал французинот на тренингот во петок.

Погба со сигурност нема да игра вечерва против Севиља, а место во првиот тим би требало да добие токму Мектоминеј. Мурињо откри дека повредата на Погба се случила во последната минута од тренингот, но ги отфрли шпекулациите дека младиот Скот тоа намерно го направил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…