Голманот на Наполи кој на крајот од сезоната ќе го напушти Неапол и ќе се пресели во Милано во дресот на „росонерите“ не ги губи надежите за Скудето во Серија А со Наполи оваа сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако Наполи одигра 0:0 на гостински терен против Интер го изгуби лидерското место и сега се наоѓа на втората позиција зад Јувентус кој има бод повеќе и натпревар помалку против Аталанта.
Поради ваквата ситуација многумина сметаат дека прашањето на шампионот е решено, но Реина истакна дека никој во Неапол не верува во такво нешто.
„Кој не верува дека можеме да стигнеме до титулата, не може да биде во нашата соблекувалната. Се уште има многу да се игра, далку е крајот, па така без никаков страв мораме да продолжиме. Не ни се потребни оние кои се плашат или пак се откажале“, порача Реина.