Дома Фудбал Полицијата издаде налог за апсење на газдата на ПАОК

Полицијата издаде налог за апсење на газдата на ПАОК

Вчера на грчките фудбалски терени се случи голем инцидент на мечот помеѓу ПАОК и АЕК, во кој претседателот на домашниот тим, Иван Савидис, излезе на терен со пиштол.

Првиот човек на клубот од Солун на појасот има пиштол и бараше правда од главниот судија, па тој скандал стана главна тема во сите светски медиуми.

Денес грчката полиција издаде официјален налог за негово апсење и за четири други лица, кои исто така влегоа на теренот.

Мечот не го дочека својот крај и во прв момент заврши 0-0, но медиумите пишуваат дека судијата два часа по случувањата на теренот решил на зелена маса да го признае погодокот и во записникот напишал дека ПАОК го победил АЕК со 1-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деби што ги менува плановите: Тотенхем сега сака да го задржи Вилијамс-Барнет

Лука Вилијамс-Барнет беше кандидат за јануарска позајмица, но настапот против Кристал Пала…