Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е на мета на европските великани, без разлика што игра веќе во еден од нив.
Левандовски оваа сезона доминира во Минхен, но се повеќе има шпекулации за негово заминување. Иако претходно најмногу се поврзуваше со Реал, германски Кицкер утрово објави дека Јунајтед е најсериозниот кандидат за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марк Ловел, дописникот на ЕСПН во Баерн, потврди дека Манчестер Јунајтед е единствениот клуб кој имал официјални разговори со Баерн поради Левандовски.
Нема детали какви услови се понудени од Олд Трафорд и колку е тоа били прифатливо за Баерн, но сигруно во наредниот период ќе се дознаат повеќе информации.
Лева има договор со Баерн до 2021. година, но поради разни околности неговата иднина во Минхен е доведена под знак прашаник. Тој од неодамна го раскина односот со агентот, па сега го застапува Израелецот Пини Захави, кој наводно е за тоа Лева да замине во Англија или Шпанија.