Дома Фудбал „Росонерите“ продолжуваат со полна пареа во Серија А (ВИДЕО)

„Росонерите“ продолжуваат со полна пареа во Серија А (ВИДЕО)

Иако ранет поради болниот пораз од Арсенал на својот „Сан Сиро“ во осминафиналето во ЛЕ, Милан продолжи да нуди одлични партии во Серија А.

Денес екипата на Гатузо славеше во последните моменти од мечот против Џенова и ја врза петтата победа.

Погодокот вреден три бода го постигна Андре Силва во 94. минута на мечот. Со оглед на сето тоа што го видовме на мечот, победата на „Росонерите“ е заслужна.

Нашиот интернационалец,Горан Пандев на теренот мина 80 минути, но не создаде сериозна шанса пред противничкиот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов нападнат од исклучен противник, Погон врза пет победи

Дарко Чурлинов доби удар од Ибрахим Камара, кој по исклучувањето се врати од тунелот. Пого…