Првиот голман на „Топчиите“, Петар Чех, успеа да собори рекорд во англиската Премиер лига.
Имено, тој стана првиот голман кој запиша 200 натпревари без примен погодок во англиското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал денес славеше над Вотфорд со 3:0, па оттаму Чех успеа да одбрани неколку удари и пенал, со што го потврди рекордниот успех зад своето име.
Чешкиот интернационалец во Премиер лигата пред Арсенал го носеше дресот на Челзи, каде 162 пати ја сочува мрежата, додека во дресот на „Топччите“ 38 пати.