Дома Останати Ракомет Будуќност на колена среде „Морача“, Вардарки во четвртфиналето против Митјиланд

Будуќност на колена среде „Морача“, Вардарки во четвртфиналето против Митјиланд

Вечерва нашиот шампион го одигра последниот натпревар од групната фаза против Будуќност на гости и забележа победа од 25-30 (12-15).

Девојките на Дибирова и Парондо водеа во текот на целиот натпревар и сосема заслужено дојде до победата. Со оваа победа Вардар со девет победи од десет натпревари е првопласирана екипа во групата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Најефикасни ракометарки кај ЖРК Вардар беа Пенезиќ со десет и Хмирова и Лакрабер со по пет гола, а во домашниот табор на Будуќност се истакна Милена Раичевиќ со десет гола. Суслина на голот на македонскиот претставник забележа 11 интервенции.

Европскиот вицешампион за противник во четвртфиналето ќе ја има екипата Митјиланд која претходно го победи Никобинг со 24-20 и заврши како четвртопласирана екипа.

Првиот натпревар се игра од 6-8 април во Скандинавија, а возвратниот дуел е од 13-15 април во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар обезбеди четвртфинале во Европската лига: Вака се славеше во Германија (Видео)

Ракометарите на Вардар со убедлива игра го потврдија првото место во групата 3 од ЕХФ Евро…