Фудбалерите на Рома на домашен терен во вчерашниот натпревар го совлада Торино со 3:0 во рамките од 28 коло во италијанската Серија А.
„Волчицата“ пред своите навивачи дојде до втората победа во низа откако во минатото коло го совладаа Наполи. Меѓутоа, атмосферата на трибините беше преполна со емоции поради смртта на капитенот на Фиорентина Давиде Астори.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Астори почина во сон минатата недела, а беше погребан во четвртокот во Фиренца. Овој 31 годишен фудбалер го носеше дресот на Рома каде што настапуваше како позајмен фудбалер од Џенова. Во негова чест пред почетокот на вчерашниот натпревар на големиот дисплеј одеше видео кое беше посветено на трагично починатиот фудбалер.