Дома Топ вести Барса го продаде за половина милион, сега вреди 100 пати повеќе!

Барса го продаде за половина милион, сега вреди 100 пати повеќе!

Барселона во минатото често правеше грешки кога е трансфер политиката во прашање. Позната е приказната за Цеск Фабрегас кој замина од „Камп Ноу“ за ситни пари, а потоа Каталонците потрошија цело богатство за да го вратат.

Меѓутоа, Арсен Венгер уште еднаш успеа да ја „излаже“ Барселона, а овој пат играчот се вика Хектор Белерин и на „Камп Ноу“ беше прогласен за неперспективен. „Топчиите“ го платија 500.000 евра, а денес вреди 100 пати повеќе и не сака да се врати во Барса.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


„Англија е сега мојот дом, за друг клуб не ни размислувам. Сакам да останам уште долги години во Арсенал“, изјави во една прилика фантастичниот десен бек.

Белерин во моментов е најдобриот денес бек во Премиер лигата, а можеби и во цела Европа, а Барса токму на таа позиција има „дупка“ после заминувањето на Дани Алвеш.

Белерин е најдобар пример за лошата трансфер политика на Барселона, која ги продава своите таленти за малку пари, а потоа нивната цена вртоглаво расте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кој е Александар Стефанов? Најсериозниот кандидат за наследник на Мукаетов!

Многу брзо по завршувањето на Светското ракометно првенство, фокусот на Ракометната федера…