Дома Фудбал Зидан: Нема конфликт меѓу мене и Бејл!

Зидан: Нема конфликт меѓу мене и Бејл!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан категорични ги демантираше шпекулациите дека е во конфликт со Герет Бејл.

Велшкиот репрезентативец се врати после повредата, но остана на клупата за резерви на натпреварот против ПСЖ на „Паркот на принцовите“.

„Нема проблем помеѓу мене и Герет Бејл. Тој е важен играч, но во тимот има и други фудбалери, кои исто така се важни. Ние сме тим со многу играчи и играме многу натпревари“, изјави Зидан.

„Бејл влезе во игра против ПСЖ и покажа дека е многу важен за нас и јас ќе одлучувам за него до крајот на сезоната. Треба да избирам тим на секои три дена и тоа го правам“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спенс го направи своето деби за Интер во пријателска победа над Лумецијане

Џед Спенс го одигра својот прв натпревар за Интер во победата од 2-0 против Лумецијане. …