Голманот на Јуве, Џанлуиџи Буфон наводно одлучил да се повлече од професионалниот фудбал на крајот од сезоната.
Според „Corriere della Sera“, потврдата би требало да пристигне пред што се очекуваше, од причина да добие подобро збогување од легендарниот Александро дел Пјеро. Меѓутоа, италијанските медиуми пишуваа за неодамнешната изјава на привремениот италијански селектор, Луиџи Ди Биаџо, кога изјави дека 40-годишниот Буфон заслужува подобро заминување од репрезентацијата од поразот од Шведска во плејофот за Светското првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Буфон од репрезентацијата на Италија се прости со солзи, со реченицата дека „не сака да го зазема местото на младите играчи“. Освојувачот на Светското првенство 2006. година, сепак би можел да добие уште еден натпревар во дресот на „азурите“, кој ќе биде одигран во чест на неговото заминување.
Интересно, легендарниот Буфон би можел да ја заврши сезоната, а и кариерата, со тројна круна, бидејќи Јувентус се уште е во игра за Серија А, Купот на Италија и Лигата на Шампионите.