Дома Трансфер зона „Трката“ може да започне – Бразилецот од лето слободен играч!

„Трката“ може да започне – Бразилецот од лето слободен играч!

Сигурно дека овој фудбалер ќе биде еден од најатрактивните на трансфер пазарот од 1 јули.

Бразилецот Бернард кој го носи дресот на Шахтјор од лето ќе биде слободен играч, покрај тоа и официјално го извести неговиот клуб дека нема да го продолжи договорот.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Бернард во Шахтјор пристигна во 2013 година за 25 милиони евра. Потпиша договор на пет години, а сега смета дека е време да ја промени средината.

Претходно интерес за неговите услуги покажуваа Барселона и Манчестер Сити, но по објавувањето дека нема да го продолжи договорот изгледа дека во трката се вклучил и Арсенал.

Бернард беше учесник и на Мундијалот во 2014 година, за репрезентацијата на Бразил собра 14 настапи, беше и на теренот во најтешкиот пораз на „кариоките“ оној од Германија 7:1.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…