Завршниот турнир во трата за трофејот ќе се одржи од 13 до 15 април во спортскиот центар „Јане Сандански“, домот на црвено-црните. Првиот фајнл-фор во Скопје во второто издание од оваа регионална лига се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
„Големо задоволство и чест е да објавиме дека 7-то издание на фајнл-форот повторно ќе биде во Скопје и во Македонија. Задоволни сме што по вторпат ќе да биде во Скопје откако Вардар е европски и СЕХА првак. Вардар има долга и успешна ракометна историја и лани освоија сѐ што еден клуб може да освои во една сезона, па сигурни сме дека македонските фанови и ќе уживаат во најдобриот ракомет во регионот и трибините ќе бидат полни“, изјави Синиша Остоиќ, директорот на СЕХА Газпром лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Радосни сме што раководството на СЕХА Газпром лигата реши сезонава фајнл-форот да биде во Скопје, во нашата сала во СЦ „Јане Сандански”. Како актуелни прваци на ова регионално натпреварување и еден од ретките тимови што е во СЕХА Газпром лигата од неговиот почеток, голема чест е што Скопје по вторпат ќе биде домаќин на завршниот турнир. Тоа е уште една потврда дека ракометот е спортот број еден во Македонија, а Вардар е тим што е препознатлив не само на овие простори, туку и во европски и светски рамки. Трите освоени титули во СЕХА Газпром лигата на Вардар е обврска плус бидејќи сега ќе играме пред домашна публика. Фактот дека тука ќе бидат имиња како ППД Загреб, Мешков Брест и Целје е најава за возбудлив и пред сѐ квалитетен турнир. СЕХА Газпром лигата одамна прерасна во повеќе од регионално натпреварување, секоја година сме сѐ подобри и затоа знам дека ова ќе биде успешен турнир. Верувам дека сите заедно ќе можеме да уживаме во одлични ракометни натпревари“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.