Дома Фудбал Гатузо: Квалитетот на фудбалерите не се купува во супермаркет

Гатузо: Квалитетот на фудбалерите не се купува во супермаркет

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо даде интересна изјава по мечот во Лига Европа во кој неговиот тим беше поразен од Арсенал со 0:2 на „Сан Сиро“.

Гатузо како и секогаш, зборуваше со големи емоции, а особено истакна дека квалитетот на фудбалерите не може да се купи во супермаркет.

„Можевме да одиграме многу подобро, премногу се мачевме, а тие ни стоеја блиску. Немавме храброст, но мораме да гледаме напред. Знаеме дека мораме да се бориме до самиот крај, но квалитетот не можеме да го купиме во супермаркет“, истакна Гатузо.

Милан ќе има тешка задача во реваншот за кој Гатузо не сакаше да зборува.

„Моите мисли моментално се во неделниот меч, а за дуелот во Лондон ќе размислуваме во понеделник“, порача предводникот на „Росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе чека подолго? Јилдиз би можел да заигра дури во 2027 година

Закрепнувањето на Кенан Јилдиз оди побавно од планираното, а според „Ла Стампа“, неговиот …