Дома Фудбал Лига на шампиони Нови лоши вести за Парижаните: УЕФА ќе го санкционира ПСЖ

Нови лоши вести за Парижаните: УЕФА ќе го санкционира ПСЖ

Европската фудбалска федерација, УЕФА покрена дисциплинска постапка против ПСЖ поради лошата организација во реванш мечот од осминафиналето во ЛШ против Реал Мадрид.

ПСЖ во вторникот загуби на свој терен со 2:1 и така се прости од ЛШ, а УЕФА соопшти дека против парискиот клуб покренала постапка поради пиротехника, ласери, метеж на скалите и трибините, односно лошата организација.

Според информациите на Л’Екип на мечот беа запалени 150 бакли особено на трибините со најверните навивачи на ПСЖ, а главниот судија на двапати мораше да го прекине мечот.

УЕФА одлуката за казна на ПСЖ ќе ја донесе на 22. март, а францускиот клуб се соочува со затворањето на делот или целиот стадион во следните натпревари на европските натпревари, секако со голема парична казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Уругваецот воодушеви во Ливерпул, Барселона ќе заработи 55 милиони евра

Уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо пред неколку месеци пристигна во Ливерпул на позајми…