Ливерпул во финишот од летниот преоден рок не успеа да го доведе засилувањето од Монте Карло и покрај тоа што понуди 100 милиони евра, па Кутињо остана на „Енфилд“ до јануари кога премина во Барселона.
„Црвените“ не успеаа во јануари да доведат замена за Бразилецот, но и без тоа одлично им оди. Англиските медиуми пишуваат дека во текот на летото Ливерпул повторно ќе се обиде да го доведе Тома Лемар од Монако.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишуваат медиумите наводно двата клуба се блиску до договор околу целата операција која би требало да биде реализирана по завршувањето на сезоната и пред Светското првенство во Русија.
Иако не се наведува цената на трансферот изгледа станува збор за сума од околу 100 милиони евра.
Лемар оваа сезона одигра 27 натпревари за Монако (вкупно 1988 минути) постигна три погодоци и запиша осум асистенциил. Него го посакува и Арсенал кој сигурно ќе се вмеша, но во овој момент „црвените“ се во пол позиција.
Liverpool have pulled ahead of Arsenal in the summer race for Monaco's Thomas Lemar.#TransferTalk https://t.co/5mhnZgvlFZ pic.twitter.com/1GoUPSqqH1
— ESPN FC (@ESPNFC) March 8, 2018