Манчестер Јунајтед наскоро планира да започне преговори со Антони Марсијал за продолжување на неговиот договор, пренесуваат англиските медиуми.
Актуелниот договор на Марсијал истекува на крајот на следната сезона, па иако не е стандарден оваа сезона, „црвените ѓаволи“ сакаат да го продожат неговиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо смета дека Французинот ќе има долгорочен придонес во клубот, па поради тоа го советувал раководството што е можно поскоро да му го продолжат договорот.
Марсиал има само 22 години, па допрва се очекува да го достигне својот зенит. Во оваа сезона тој има 11 гола во 38 натпревари и може да игра на неколку позиции во нападот.