Ракометарите на Металург успеаја да ја забележат и шестата победа сезонава во регионалната СЕХА лига, а денеска беа подобри од ракометарите на Мешков Брест со 37-33.

Филип Кузмановски го предводеше нападот на Металург со 10 гола, Халил Јагањац постигна осум, а Мартин Велковски, Жарко Пешевски и Вања Илиќ завршија со по пет гола. Добра партија на голот во второто полувреме имаше Мартин Томовски со осум одбрани. Кај Мешков Брест најефикасен беше Максим Баранау со седум гола.

Во следното, претпоследно коло од регуларниот дел на сезоната во СЕХА лигата, Металург на 14 март  му гостува на Татран Прешов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип УГД со пресврт ја освои Струмица и ги однесе трите бода

Шампионот загуби драматичен прв сет, но потоа ја совлада Струмица со 3:1 во третото коло о…