Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот „сенка“ на Зидан, неверојатни бројки зад името на Карлос Енрике Касемиро!

Херојот „сенка“ на Зидан, неверојатни бројки зад името на Карлос Енрике Касемиро!

Непогрешлив во додавањата, цврст во дуелите, на крајот постигна и погодок….

Кога доаѓаше во Европа за него се зборуваше „знае само да тепа“. Никој (веднаш) не го забележа она што го забележаа скаутите на Реал Мадрид кои го следеа во Сао Паоло. Карлос Енрике Касемиро полека израснува во еден од клучните играчи на европскиот шампион.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Реваншот во Париз покажа дека Касемиро е повеќе од само обезбедувач на средината на теренот.

Бројките на Касемиро од вчерашниот натпревар се навистина неверојатни. Верувале или не, Касемиро од 57 додавања погреши само едно! Тоа не се само пасови во дефанзивата на својата половина 27 од нив Касемиро го изведе на противничката половина.

Покрај пасовите, Касемиро беше одличен и во дуелите, доби дури 11, а покрај тоа украде и 11 топки, на сето тоа имаше и еден успешен дриблинг, за на крајот и да ја затресе мрежата на Ареола.

ИМПРЕСИВНО!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …