Ентони Дејвис синоќа се судри со ДеАндре Џордан во втората четвртина од натпреварот помеѓу Пеликанс и Клиперс (121:161) во НБА лигата и во агонија го напушти теренот.
Судирот не изгледаше така опасен, но би можел да го оддалечи Дејвис од терените месец и пол дена. Изгледа дека станува збор за фрактура на ребрата, а Дејвис имаше толку многу големи болки што не можеше да си отиде до соблекувалната, па веднаш по влегвањето во тунелот од салата се сруши на носилката која беше ставена до ѕидот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одличниот играч на Пеликанс во февруари беше ирач на месецот во Западната конференција со 35 поени, 13 скока, 2.5 украдени топки и 2,2 блокови по натпревар. Пеликанс во тој период беше во најдобрата форма оваа сезона и покрај тоа што неколку недели играат без повредениот ДеМаркус Коусинс, кој нема да настапи до крајот на сезоната.
Anthony Davis exited the game due to injury and looks to be in a considerable amount of pain #Pelicans pic.twitter.com/62YbiMmBTH
— Def Pen Hoops (@DefPenHoops) March 7, 2018