Дома Трансфер зона Балотели: Би се вратил во Италија, но само во…

Балотели: Би се вратил во Италија, но само во…

Марио Балотели иако има само 26 години во кариерата промени многу клубови, играше на едни од најголемите клубови во Италија и Англија, а моментално е во Ница.

Балотели за италијанските медиуми порача дека за него во Италија постои смао еден клуб, а тоа е Милан и дека враќање во редовите на Интер е нереална опција.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Јас од секогаш сум бил фан на Милан дури и кога играв за Интер. Никогаш не можеш да кажеш никогаш, но ситуацијата околу Интер е комолицирана. Кога би се вратил во Италија, тоа би било само за Милан“, истакна Балотели.

„Мојата иднина? Моментално добро ми е во Ница се обидуваме да го освоиме првенството, а на крајот на сезоната ќе одлучам за мојата иднина. Во иднина ако имам добра сезона без повреди не е невозможно да ја освојам и Златната топа“, оптимистично изјави Марио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…