Вчера руската телевизија „Раша тудеј“ потврди дека Жозе Мурињо ќе биде специјален коментатор на тој медиум за време на Мундијалот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес медиумите на Островот откриваат зошто Мурињо ги одбил понудите од водечките англиски медиуми како „Би-Би-Си“ кои исто така му нуделе да биде специјален коментатор за Мундијалот.
Едноставно, руската понуда била многу побогата, а сумата која ќе ја добие „Специјалниот“ од „Раша тудеј“ е навистина неверојатна.
Имено, Мурињо ќе добива 200.000 фунти за секој натпревар, односно во пет дена ќе коментира 6 натпревари и ќе добие 1,2 милиони фунти.
1,2 милиони фунти за 5 дена….тоа го може само Мурињо!