Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри го доби Игуаин, но под знак прашалник е нов хендикеп пред Тотенхем

Алегри го доби Игуаин, но под знак прашалник е нов хендикеп пред Тотенхем

„Старата дама“ пред тешкото гостување во Лондон се најде во големи проблеми, со оглед на тоа дека напаѓачот Гонзало Игуаин мора да паузира поради повреда на скочниот зглоб.

Аргентинецот поради оваа повреда го пропушти мечот во Серија А против Лацио, но денес го одработи целиот тренинг со остатокот од екипата, па сигурно е дека ќе отпатува во Лондон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, се уште не се знае дали Игуаин ќе биде подготвен да го почне мечот на „Вембли“.

Меѓутоа, хендикеп за Максимилијан Алегри би можело да биде отсуството на Манџукиќ, со оглед на тоа дека хрватскиот фудбалер денес тренираше одвоено од екипата, па е под знак прашалник за средбата со Тотенхем.

За потсетување, Дибала по два месеци пауза поради повреда на задната ложа во саботата ги одигра сите 90 минути против Лацио и го постигна победничкиот погодок, така што сигурно ќе биде во екипата на Јувентус за реванш средбата од осминафиналето во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…