Дома Фудбал УЕФА одлучи: Минута молчење на сите европски натпревари!

УЕФА одлучи: Минута молчење на сите европски натпревари!

Во знак на почит на Давиде Астори, трагично починатиот капитен на Фиорентина, УЕФА одобри минута молчење во сите натпреварувања.

Астори во неделата наутро беше пронајден мртов во хотелската соба во Удине, пред натпреварот помеѓу Фиорентина и Удинезе.

Поради тоа вчера беа откажани сите натпревари во Серија А, а денес УЕФА донесе одлука да има минута молчење за италијанскиот фудбалер на сите европски натпреварувања.

Сите натпревари во Лигата на шампиони и Лига Европа ќе започнат со минута молчење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од битка за опстанок до повик за Португалија: Варела го убеди Жесус

Густаво Варела со осум гола за Монца го привлече вниманието на португалскиот селектор, кој…