Дома Фудбал Лига на шампиони Емери: Го сакам најсилниот Реал Мадрид во Париз!

Емери: Го сакам најсилниот Реал Мадрид во Париз!

Тренерот на ПСЖ, Унаи Емер откри дека Мбапе, Кавани и Верати ќе бидат спремни за реванш натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

„Светците“ на првиот натпревар одигран во Мадрид загубија со 3:2. Тренерот Унаи Емери нема да може да смета на Нејмар, но сите останати ќе бидат спремни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ди Марија е спремен и многу мотивиран. Станува збор за Лига на шампиони. Верати, Мбапе и Кавани се спремни и веќе тренираат со тимот“, изјави шпанскиот стратег.

Претходно и официјално беше потврдено дека Тони Крос, Модриќ и Марсело ќе допатуваат во Париз, иако сите тројца беа неизвесни.

„Го сакам најдобриот Реал во Париз. Сакам да играм против најдобриот Реал Мадрид“, самоуверено изјави Емери и додаде:

„Ова ни е најважниот натпревар сезонава. Ова е уникатен момент за сите фанови на ПСЖ и за цела Франција. Имаме голема шанса да направиме чекор напред“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стерлинг на прагот на италијанскиот гигант поради поранешен соиграч

Рахим Стерлинг минатата недела го прекина договорот со Челзи и веќе преговара со Наполи, к…