Дома Трансфер зона Лаутаро Мартинез на медицински прегледи во Интер!?

Лаутаро Мартинез на медицински прегледи во Интер!?

Аргентинскиот напаѓач на Расинг, Лаутаро Мартинез наскоро треба да ги помине медицинските прегледи во Интер, тврдат италијанските медиуми.

Младиот Аргентинец треба да го облече дресот на „нероаѕурите“ на лето, но миланскиот клуб веќе постигна договор со неговиот клуб за трансфер од 20 милиони евра, плус одредени бонуси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се очекува напаѓачот наскоро да ги помине медицинските прегледи кои ќе се спроведат во Аргентина. Подетални прегледи ќе се извршат во Милано, кога Мартинез ќе му се приклучи на Интер.

Аргентинецот важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка и игра во неверојатна форма, постигна 13 гола на последните 14 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…