Младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд уште од почетокот на декември го нема во стартниот тим, но Мурињо тврди дека фудбалерот не треба да се грижи за местото во репрезентацијата.
20-годишниот Рашфорд, кој има 15 натпревари за Англија, е загрижен дека може да го пропушти Светското првенство бидејќи не добива голема минутажа во Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако селекторот верува во него, несомнено ќе го земе во составот. Како пример можам да го дадам Серхио Ромеро, кој е втор голман во Манчестер Јунајтед, но е меѓу стартерите во репрезентацијата на Аргентина“, изјави Специјалниот.
„Во моментов одлуката целосно треба да биде донесена од Герет Саутгејт. Не е важно дали Маркус игра за Манчестер Јунајтед, или не. Тој е играч кој уште од првите денови во тимот имаше огромно влијание врз претставувањето и затоа луѓето очекуваат многу повеќе од него. Но не е толку едноставно. За негова возраст тој прави многу повеќе отколку што е потребно. Тој се уште собира искуство и тоа е доволно за нас да бидеме среќни и да сме сигурни за неговата иднина“, рече Мурињо.