Дома Топ вести ГОЛЕМ ТРАНСФЕР ВО НАЈАВА: Асенсио откри која ЅВЕЗДА го напушта Реал и си оди во Манчестер

ГОЛЕМ ТРАНСФЕР ВО НАЈАВА: Асенсио откри која ЅВЕЗДА го напушта Реал и си оди во Манчестер

Реал Мадрид сигурно ќе го загуби првенството во Шпанија, а уште на лето треба да следуваат големи промени на „Сантијаго Бернабеу“.

Се најавува заминување на неколку ѕвезди, но и формирање на нови Галактикоси. Бензема, Модриќ, Бејл и Иско се некои од играчите кои се споменуваат во контекст на заминувањето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Младата ѕвезда, Марко Асенсио, наводно, открил дека Манчестер Јунајтед спрема понуда за стоперот Рафаел Варан, пишува „Diario Gol“. 24-годишниот дефанзивец на Реал долго време е желба на Мурињо. Интересно е дека Французинот во Реал го доведе токму португалскиот стратег, за време на неговиот мандат во Мадрид.

Изгледа дека Португалецот конечно ја убедил управата на Јунајтед да одвои пари за Французинот. Станува збор за износ од 60 милиони евра, а Флорентино Перез тој изноз би го искористил за засилување на последната линија. Потсетуваме, на листата на „Мадриѓаните“ се Бонучи од Милан, Маркињос од ПСЖ и Давид Алаба од Баерн, за кого е заинтересирана и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Човекот со најдобра работа во светот: Освојува трофеј за секои 10 минути на теренот

Eдно име од редовите на актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити посебно се издвојува –…