Месут Озил најверојатно ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната, а англиските медиуми тврдат дека „топџиите“ веќе нашле замена за германскиот репрезентативец.
Неодамна беше најавено дека многу брзо ќе дојде до продолжување на соработката помеѓу Озил и Арсенал, но преговорите се во застој и најверојатно нема да дојде до потпишување на нов договор.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Проблем е високата плата која ја бара Германецот, дури 450.000 фунти неделно, што сигурно сопствениците на Арсенал нема да одобрат.
Озил е мета на бројни клубови ширум Европа кои се спрмени да му ја понудат таа сума, па најверојатно ќе го напушти „Емирати“ на крајот на сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека Венгер е спремен на таков исход и дека веќе нашол замена, а станува збор за неговиот сонародник Марко Ројс од Борусија Дортмунд.