Бразилецот Фелипе Кутињо на почетокот на оваа година го напушти Ливерпул и одлучи кариерата да ја продолжи во Барселона која за него плати 160 милиони евра.
Сагата помеѓу Ливерпул и Барселона траеше неколку месеци, но „црвените“ на крајот се согласија да го продадат еден од своите најважни играчи. Меѓутоа неговото заминување скоро и да не се почуствува. Избраниците на Клоп предводени од Мохамед Салах играат навистина фантастично.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познато е дека Кутињо од кога замина остана во контакт со своите поранешени соиграчи, а веќе и еднаш го посети Ливерпул.
Сега, според пишувањето на англиските медиуми неговиот однос со Јирген Клоп е нарушен после коментарот на Германецот дека Ливерпул сега повеќе од било кога игра во духот „еден за сите, сите за еден“.
Овие зборови наводно го погодиле Бразилецот и разочаран им се пожалил на своите поранешни соиграчи и пријатели од Ливерпул. Како што дознава „The Sun“, Кутињо им испратил јасни пораки преку кои не криел дека е лут на Клоп и дека неговите зборови го повредиле.