Дома Фудбал Се отвораат нови врати за Балотели: По импресивните партии во Ница камбек во Италија?!

Се отвораат нови врати за Балотели: По импресивните партии во Ница камбек во Италија?!

Балотели игра одлично во изминатите две сезони во француска Ница, па не исклучено повторно да биде во италијанската репрезентација, а го привлече вниманието и кај одредени клубови во Италија.

Агентот на Балотели, Мино Раиола како што се наведува, разговарал со Рома, а тренерот на Римјаните, Еусебио Ди Франческо го пофали некогашниот напаѓач на Манчестер Сити, Интер и Милан.

„Балотели? Би сакал да го тренирам, разговарав со него пред две години за тоа да го донесам во Сасуоло, но ништо не испадна од тоа. Интерес играч е и силно квалитетен“, истакна Ди Франческо.

Тоа би можело да значи дека Балотели повторно би можел да се дружи со Един Џеко или едноставно Рома во тој случај може да го продаде босанскиот репрезентативец.

А сега на сите во Рим им е најважен мечот со Наполи. Нема сомнеж дека тоа ќе биде тежок дуел за Рома.

„Не можеме сите да присуствуваме на лоши партии. Наполи е во добра состојба, и психолошка, но и физичка, а имаат исто така и еден од најдобрите тренери во Европа. Ако продолжиме вака, мали се шансите дека ќе се избориме за ЛШ, затоа мораме да покажеме што можеме“, истакна Ди Франческо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси е на 936 гола, а неговиот тренер е убеден: Ќе стигне до 1.000!

На Лионел Меси му недостигаат уште 64 гола до неверојатната граница. Кристијан Гонзалес ве…