Дома Фудбал Италија Бонучи проговори за заминувањето од Јувентус

Бонучи проговори за заминувањето од Јувентус

После шест освоени титули со Јувентус и стекнување на легендарен статус, Леонардо Бонучи се одлучи на храбар чекор и трансфер во Милан.

Бонучи открива дека на почетокот во новиот клуб му било многу тешко, па почнал да ја преиспитува одлуката.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Да бидам искрен, на почетокот имав многу потешкотии и почнав да се прашувам што ми требаше вакво нешто. Моити игри не беа на нивото на вистинскиот Бонучи и постоеше ризик за три месеци да го фрлам во вода сето она што го градев со години. Меѓутоа, ги надмиван потешкотиире и сега повторно сум оној вистинскиот и имам голема самодоверба“, објаснува Бонучи.

Гатузо има харизма и одлучност која ни беше потребна. Тој го промени менталитетот и сега сме вистински тим. Цело време верувам во овој проект, а во Гатузо верував уште од самиот старт. Иако е млад тренер одлучно ги спрема натпреварите, а најмногу ми се допаѓа што гладот за победи го пренесе на цел тим“, заклучи италијанскиот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вакво правило нема во ниту една друга репрезентација: Еве зошто фудбалерите на Велс не смеат да ги меуваат дресовите

Откако застана на чело на фудбалската репрезентација на Велс во јуни 2024 година, Крег Бел…