Дефанзивецот на Шалке, Сеад Колошинац во зимскиот преоден рок ќе биде еден од најбараните фудбалери во Европа.
Босанскиот репрезентативец игра одлично оваа сезона во Бундес лигата, а неговиот договор со Шалке истекува на крајот на сезоната, па тој уште во јануари може да преговара со заинтересираните клубови.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Како што пренесуваат медиумите, нив ги има навистина многу. Многу клубови од Премиер лигата го сакаат 23-годишниот бек, а тој е најблиску до потпис во Ливерпул.
Јирген Клоп има потреба од лев бек и во Колошинац гледа идеално засилување на таа позиција, но ќе треба да се избори со конкуренцијата бидејќи Манчестер Сити исто така го сака фудбалерот.