Јовица Цветковиќ од денеска не е повеќе селектор на репрезентацијата на Србија. УО на РСС очекувано не го прифати неговиот извештај и со 10 гласа против и 1 „за“ изгласа недоверба и негова смена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој епилог е повеќе од очекуван, откако играчите влегоа во отворена војна со него по ЕП. Цветковиќ ги обвини дека лумпувале по кафани и дека некои од нив имале резервирани билети за дома по првата рунда, а тие му врати десеткратно обвинувајќи го дека бил постојано пијан, дека пијан ја водел средбата со Белорусија, дека не знае каде му играат играчите…

„Нека докаже некој дека ме видел пијан на тренинг или натпревар и јас никогаш веќе нема да се занимавам со ракомет. Би сакал тие што го пишувале соопштението да се појават во јавност со име и презиме“, изјави Цветковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Oва е распоредот на Вардар во ЛШ: Почнува кај Пародоно завршува во Франција!

Веднаш по извлекувањето на групите беше објавен и распоредот на натпреварите за Вардар во …