Дома Фудбал Ова би било спектакл! – Лукаку предложува: Ол-стар натпревар во Прмеиер лигата!

Ова би било спектакл! – Лукаку предложува: Ол-стар натпревар во Прмеиер лигата!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку преку својот Твитер профил испрати интересен предлог до раководството на Премиер лигата.

Имено, Лукаку има идеја да организра „Ол-стар“ натпревар по примиерот од НБА.

„Еве една идеја, луѓе. НБА има Ол-стар натпревар, зарем не мислите дека и ние во Премиер лигата би требало да организираме нешто такво? Северот против југот, а навивачите би гласале кој би играл во тој натпревар“, напиша Лукаку.

Белгиецот смета дека ваквиот потег би допринесол за поголема заинтересираност, но и поголем сјај на Премиер лигата, посебно поради тоа што навивачите би бирале кој да учествува во големиот спектакл.

Оваа идеја на Лукаку можеби и не е воопшто лоша, но Фудбалскиот сојуз на Англија и Премиер лигата се уште не се огласиле по повод предлогот на Белгиецот..

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без Бијол и Шешко во Скопје: Словенија брка бараж, Македонија прв бод

Словенците ќе гостуваат со два значајни кадровски проблеми, а Македонија ќе се обиде да ја…