Дома Фудбал Англија Да нема повеќе дилеми: Матиќ откри што пишуваше на фамозната белешка од „Специјалниот“ (ФОТО + ВИДЕО)

Да нема повеќе дилеми: Матиќ откри што пишуваше на фамозната белешка од „Специјалниот“ (ФОТО + ВИДЕО)

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ за време на вчерашниот меч против некогашниот клуб Челзи, од Жозе Мурињо доби белешка која го заинтригира најпрво Вилиан, а потоа и комплетната спортска јавност.

И додека Бразилецот како дете трчаше зад Матиќ за да прочита што пишува, социјалните медиуми се преплавија со шеговити фотомонтажи на кои фановите ја погодуваа содржината.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Така можеше да се видат фотографии од белешката на која е нацртан автобус, потоа порака „чувај го Смолинг“ и слично, по што одлучи да се огласи и самиот Матиќ.

Српскиот репрезентативец се фотографираше со белешката на која пишуваше „Доби три дена слободни“, што секако си ги напишал самиот на себеси.

Фотографијата е објавена на неговиот Инстаграм профил и собра голем број допаѓања и коментари, а фантастичниот играч за врска на многу оригинален начин покажа дека има исклучителна смисла за хумор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…