Дома Топ вести Сега претераа: Баерн и краде на Борусија Дортмунд уште една ГОЛЕМА ѕвезда

Сега претераа: Баерн и краде на Борусија Дортмунд уште една ГОЛЕМА ѕвезда

Од Германија денеска пристигна „жешка“ информација, Баерн Минхен е заинтересиран за фудбалерот на Борусија Дортмунд, Кристиан Пулишиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува доверливиот весник „Bild“, Баерн влезе во трка за потписот на 19-годишниот Американец, кој е мета на пола Европа. Баерн смета дека Пулишиќ би бил идеална замена за Робен и Рибери кои се на чекор од крајот на своите богати кариери.

Особено заинтересирани за Пулишиќ се и Ливерпул и Манчестер Јунајтед, Борусија нема да го пушти за помалку од 100 милиони евра, бидејќи изгледа дека тоа денеска е почетна цена за сите играчи на пазарот. Позицијата на крилниот напаѓач е приоритет на Баерн, поради споменатите Робен и Рибери, но прашањето е дали и Родригез ќе остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…