Дома Актуелно Златна Бубамара : Вардар е „најпопуларен клуб – Спортски херои за 2017 година”

Златна Бубамара : Вардар е „најпопуларен клуб – Спортски херои за 2017 година”

Европскиот шампион Вардар е прогласен за „најпопуларен клуб – Спортски херои за 2017 година”.
И додека вардарци се искачуваа на бината громогласен аплауз добија од публиката во салата „Борис Трајковски”, а хорот „Мирче Ацев„, Наум Петрески и Виолета Томовска ја пееја „Ој Вардаре”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најдобрата клупска година во историјата на „црвено-црните” беше потврдена со триумфот во лигата на шампионите, и плус триумфиравме во СЕХА лигата, домашното првенство и куп, и во домашниот Супер куп.

Капитенот Стојанче Стоилов ја подигна наградата и им порача на сите подржувачи: „И годинава сме на добар пат да освоиме титулата и даваме сѐ од себе да го повториме успехот. А ако и не успееме немојте да да се разочарувате, ние секогаш ќе играме со срце”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ива Младеновска ќе игра за еден од најголемите германски клубови!

Македонската репрезентативка Ива Младеновска ќе ја продолжи кариерата во редовите на Борус…