Неверојатни бројки на напаѓачот на Лацио оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во вчерашната победа на Лацио над Стеауа, Чиро Имобиле беше вистински херој на својот тим. Имобиле постигна хет-трик и стана првиот Италијанец кој постигнал хет-трик во Европа уште од Лука Тони во 2007 година.
Интересно, на пет одиграни натпревари во ова натпреварување, Имобиле постигна исто толку погодоци, а иста е ситуацијата во Серија А.
Во домашното првенство, Имобиле во овој момент е прв стрелец со 22 погодоци на исто толку натпревари.
Доколку се гледа голгетерското салдо во досегашниот дел од сезоната Имобиле има ист број на постигнти погодоци и одиграни натпревари 31/31.
На отварањето на сезоната постигна два гола против Јувентус за освојување на Суперккупот на Италија, а два пати беше стрелец и во Копа Италија каде што одигра три натпревари.
Со еден збор, гол-машина!