Дома Фудбал Италија Игуаин и Бернаредски не се единствени – „биковите“ го повредија и дефанзивецот на „дамата“

Игуаин и Бернаредски не се единствени – „биковите“ го повредија и дефанзивецот на „дамата“

После градското дерби со Торино, повреди во Јувентус заработија Гонзало Игуаин и Фернандо Бернарески, но тука не е крајот на проблемите за Масимилијано Алегри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, по победата во градското дерби Јуве остана и без дефанзивецот, Матија Де Шиљо.

Истиот ден кога на тренинзите се врати Блез Маутиди, објавено беше дека Де Шиљо заработил повреда на бутниот мускул.

Поранешниот фудбалер на Милн во натпреварот против „биковите“ заработи удар во предлот на препоните и после првите тестови се покажа дека ќе мора да отсуствува од терените некое време, колку ќе биде познато во наредните неколку денови.

Се очекува дефанзивецот со сигурност да го пропушти натпреварот против Аталанта овој викенд, а останува да се види дали ќе биде спремен за реваншот против Тотенхем на 7 март.

Да потсетиме првиот натпревар во Торино заврши без победник 2:2.

de siglio

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразил се намачи против Јапонија, но се пласираше во осминафиналето

Петкратниот светски шампион Бразил е вториот тим што се пласираше во осминафиналето на Све…