Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара, со последната изјава потврди дека за нејзинот сопруг кого го застапува интерес покажале неколку клубови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Икарди засега е лојален на Интер, но доколку „нероаѕурите“ не се пласираат во Лигата на шампионите што е реално доколку продолжат со формата во која се наоѓаат овој момент неговото останување ќе биде ставено под голем знак прашалник.
Сега неговата сопруга која е и негов агент признва дека одржува контакт со два клуба кои сакаат да го доведат Икарди веќе ова лето.
Ванда во последното интервју за „Кориере Дело Спорт“ изјави:
„Во последниот период, неколку клубови покажаа интерес за Икарди, остваривме контакт со два од нив. Јас се грижам за иднината на Мауро и ќе морам да ја проценам ситуација и заедно да го избереме најдоброто решение“.
Новинарите ја запршаа и за имињата на клубовите, но добија само краток одговор: „Нема имиња“.
Сепак, на големо се шпекулира дека се работи за Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Икарди во Интер настапи на 147 натпревари и постигна 89 погодоци.