Дома Фудбал Видео: Англичаните пресметаа – Де Геа имал само 0.18 секунди време за спектакуларната одбрана

Видео: Англичаните пресметаа – Де Геа имал само 0.18 секунди време за спектакуларната одбрана

Доколку го немаше Давид Де Геа Манчестер Јунајтед во вчерашниот натпревар против Севиља ќе поминеше многу полошо од оние 0:0.

Иако Севиља немаше премногу шанси, шпанскиот голман на два пати прикажа фантастични интервенции. Во судиското продолжение од првото полувреме одбрани навистина незгоден удар на Н’Зози, но и во следната акција беше фантастичен.

Сега Н’Зози уфрли до Муриел кој беше целосно сам на пет метри од голот. Не беше тоа кој знае каков удар, но сигурно беше доволен да се совладаат поголем број голмани.

За овој удар беше пресметано дека Де Геа имал само 0.18 секунди време за ја одбрани топката упатена од Муриел!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паладино го покани Антонели во Болоња, но ја сопира еуфоријата пред Парма

Тренерот на Болоња сака новиот шампион во Формула 1 да го посети клубот за кој навива. По …