Дома Фудбал Лига на шампиони Порака до европскиот шампион: Немате поим што ве чека во Париз!

Порака до европскиот шампион: Немате поим што ве чека во Париз!

Реал Мадрид во првиот дуел со 3:1 го победи Пари Сент Жермен и со два гола предност ќе патува во Париз на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Пред дуелите со Реал Мадрид и со Олимпик Марсеј, атмосферата додатно ја вжешти тренерот на „светците“, Унаи Емери.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Во повеќето натпревари оваа сезона покажавме дека можеме да одговориме, особено на нашиот стадион, каде се чуствуваме посилни. Всушност, тоа го покажуваат 17-те победи на овој стадион. Марсеј и Реал знаат дека мораат да дојдат во Париз, но немаат поим што ги чека овде“, изјави Емери.

„Нашиот тим пука од самодоверба, а во овие два меча ќе бидеме уште посамоуверени. Ќе покажеме најмногу во најважните моменти. Важно е само да ги добиеме натпреварите. Ќе го браниме нашиот дом до крај и ќе направиме се за да ја испочитуваме историјата“, додаде шпанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…