Дома Топ вести Асенсио има понуди од 5 клуба – три се од Премиер лигата

Асенсио има понуди од 5 клуба – три се од Премиер лигата

Големиот талент на Реал Мадрид, Марко Асенсио има понуди од пет европски гиганти и за почне сериозно да ги разгледува доколку не се промени ситуацијата на „Сантиаго Бернабеу“.

22-годишниот шпански репрезентативец оваа сезона има одиграно 20 натпревари во Примера, но голем дел од тие влегуваше од клупата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Асенсио не е задоволен од својот статус во Реал, сака да има поголема минутажа, а шпанските медиуми открија дека на маса има понуди од пет клуба и тоа: Челзи, Ливерпул, Арсенал, Јувентус и Баерн Минхен.

Асенсио има договор со Реал Мадрид до 2023 година и „кралевите“ сигурно нема лесно да се откажат од него. „Диарио Гол“ пренесува дека претседателот Флорентино Перез лично му гарантирал на играчот поголема минутажа следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…