Дома Фудбал Италија Бонучи: После тој натпревар ништо повеќе не беше исто во Јувентус!

Бонучи: После тој натпревар ништо повеќе не беше исто во Јувентус!

Италијанскиот дефанзивец, Леонардо Бонучи минатото лето ја изненади светската јавност кога одлучи да го напушти Јувентус и да се пресели во Милан.

За заминувањето на Бонучи од Јувентус се шпекулираше неколку месеци, но се очекуваше кариерата да ја продолжи во Челзи или Манчестер Сити. Па, многумина останаа без текст кога дефанзивецот се пресели на „Сан Сиро“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Неколку месеци покасно Бонучи открива зошто го одбрал Милан и кој е моментот кога се променила атмосферата во Јувентус.

„Не сакам да го слушам зборот пораз, бидејќи после еден пораз во Јувентус се се промени. Кризата започна после финалето во Берлин и поразот од Барселона. Повеќе ништо не беше исто после тој меч, а ние фудбалерите бевме очајни и можевме да си помогнеме еден со друг“, истакна Бонучи.

„Кога сватив дека мојата авантура во Јувентус заврши, се појави Милан кој има многу добар и амбициозен проект. Беше тешко да прифатам дека нема да играм во Лигата на шампиони, но не сакав да ја пропуштам шансата да заиграм во вака голем клуб“, истакна дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…