Дома Фудбал Каталонците ја променија стратегијата: Еден играч и 60 милиони за услугите на Гризман

Каталонците ја променија стратегијата: Еден играч и 60 милиони за услугите на Гризман

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман судејќи по се на крајот на оваа сезона ќе го напушти Атлетико Мадрид, а според пишувањето на шпанските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона.

Гризман летово беше на чекор од заминување во Манчестер Јунајтед, но трансферот пропадна во последен момент бидејќи Французинот одлучи да остане во Атлетико кој до јануари оваа година не смееше да носи нови играчи. Клубот му излезе во пресрет така што неговата откупна клаузула на крајот на сезоната од 200 ќе биде намалена на 100 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што Јунајтед го доведе Ромелу Лукаку стана јасно дека нема да биде заинтересиран за Гризман на краот на оваа сезона. Меѓутоа во сето тоа се вклучи и Барселона која покажа голем интерес за францускиот напаѓач.

Меѓутоа, во Барселона не се подготвени да платат 100 милиони евра откако потрошија речиси 300 милиони на Дембеле и Кутињо. Како што се наведува, каталонскиот клуб ќе испрати понуда до Атлетико во вредност околу 60 милиони евра, но во сето тоа да вклучат уште еден играч, а мадридскиот клуб ќе може да бира помеѓу Андре Гомеш и Џерард Делофеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…