Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев иако наскоро ќе наполни 35 години, се уште игра на високо ниво и е еден од најдобрите поединци во Џенова.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Џенова спремила нов договор за Пандев, а тоа го потврди и генералниот директор на клубот, Џорџо Перинети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фудбалер како Горан треба да се чува. Ќе остане во клубот се додека има желба“, изјави Перинети.
„Калчомеркато“ пренесува дека двете страни се блиску до договор и наскоро Пандев ќе стави потпис на новиот договор.
Во моментов Македонецот заработува 1,3 милиони по сезона, но се согласил за намалување на примањата за да остане во Џенова.