Дома Фудбал Хаос во Бразил: Масовна тепачка на терен и 9 црвени картони

Хаос во Бразил: Масовна тепачка на терен и 9 црвени картони

Дерби натпреварот во бразилскиот шампионат помеѓу Виторија и Баија не заврши. откако едната екипа остана со девет, а другата со шест фудбалери поради тепачка.

При резултат 1-0 за Виторија, Винисиус од пенал израмни на 1-1 и почна да ги провоцира домашните навивачи, а кога на провокациите реагираше голманот Фернандо Мигуел, започнаа да „летаат тупаници“.

Судијата исклучи тројца играчи на Виторија (Денилсон, Рајнер и Кану), а кај гостите подели пет црвени картони, од кои два за фудбалери кои беа на клупата за резерви (Едсон, Франка, Винисиус, Андерсон, Фонсека).

Откако Виторија остана со шест фудбалери на теренот главниот судија, според правилата, го прекина натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту играч повеќе не го спаси Палас: Саж останува под притисок

Кристал Палас испушти водство против Бешикташ и ремизираше 2-2 во Истанбул. Пјер Саж гледа…